Економија, финансии, бизнис

Контакт

Карлос Слим прави футуристички аеродром во Мексико

Карлос Слим прави футуристички аеродром во Мексико

Милијардерот Карлос Слим стои зад редица технолошки и инфраструктурни проекти во Мексико. Неслучајно и прекарот, со кој Мексиканците го нарекуваат, е инженер.

Сега еден од најбогатите луѓе во светот решил да инвестира во нов голем проект - футуристички аеродром. Проектот се проценува на 13,4 милијарди долари и е на архитектот Норман Фостер и зетот на Слим Фернандо Ромеро, пишува celebritynetworth.com, цитирајќи го „Гардијан“.

Аеродромот ќе се наоѓа во градот Текскоко (Texcoco), сосема блиску до Мексико Сити, а сега теренот е празно поле, покриено со вулкански чакал. Но е местото каде што се реализирани и други проекти на Слим.

Проектот сепак има и противници. Еден од кандидатите за претседател на Мексико - Андрес Мануел Лопез Обрадор најави дека ќе го поништи проектот, ако победи на изборите во 2018 година.

Иницијаторите сепак може да го спречат тоа, бидејќи се очекува до крајот на оваа година да се потпишани околу 85% од потребните договори и документи за градежништво.

Тоа би го направило поништување на проектот по изборите во 2018 година „невозможно“ и всушност, според весникот „Ел економист“, изградбата на аеродромот веќе е започната и се извршени 15% од градежните активности до мај оваа година.

Ако изградбата оди според планот, новиот аеродром ќе проработи до 2020 година . Кога тоа ќе се случи, тоа ќе е третиот најголем аеродром во светот.

Слично

Поврзани вести