Економија, финансии, бизнис

Контакт

Карлос Слим пак е најбогат на светот

Карлос Слим пак е најбогат на светот
Мексиканскиот милијардер Карлос Слим повторно е најбогатиот човек на светот, објави „Форбс“. Ова се должи најмногу на драстичното зголемување на вредноста на акциите на неговата компанија „Америка Мовил“ во САД и Мексико. Според „Форбс“, Слим повторно го потисна на втора позиција основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, кој беше на чело на листата на најбогати од мај лани. Сепак, разликата е тесна. Смената на позициите се случила пред само два дена, кога вредноста на телефонска компанија „Америка мовил“ се зголеми за еден отсто или за околу 806 милиони долари. Ова ја зголеми нето вредноста на богатството на Слим на 79,6 милијарди долари, додека пак нето вредноста на Гејтс се проценува на 79,1 милијарди долари. Цената на акциите на „Америка Мовил“ расте, откако компанијата најави планови за продажба на дел од своите средства, за да се усогласи со новите антимонополски закони во Мексико. Наспроти ова, Слим најави планови за проширување на своето присуство во останатите земји на Латинска Америка, но и во Европа, каде што неодамна стана доминантен сопственик во австрискиот телеком. „Америка мовил“ пред два дена докупи  23,47 отсто од акциите во „Телеком Австрија“ со што стана сопственик на 50,8 отсто во оваа компанија, која е сопственик и на македонскиот оператор ВИП.
Слично

Поврзани вести