Карлос Слим го зголемува акционерскиот удел во Њујорк тајмс
Карлос Слим, мексиканскиот милијардер и италијанската група Прото ќе станат главни акционери во американскиот весник „Њујорк тајмс“.
Мексиканските медиуми јавуваат дека оваа финансиска операција ќе се случи следната недела.
Магнатот Слим и Прото ќе добијат вкупно 19 проценти од акциите на весникот. Слим, кој е втор најбогат човек во светот, самостојно ќе има 17 отсто од акциите. Тој досега поседуваше осум проценти од акциите во американскиот весник.
За време на светската економска криза во 2009 година Слим му даде на „Њујорк тајмс“ 250 милиони долари за да ја прошири финансиската дејност и за да го компензира значителниот пад на приходите.
Слично
