Економија, финансии, бизнис

Контакт

Карлос Слим фрла око на Telekom Austria

Карлос Слим фрла око на Telekom Austria
Најбогат човек во светот има големи планови за Австрија и Европа. Карлос Слим посегнува кон мнозинскиот удел во Telekom Austria. Според различни финансиски и индустриски информатори засега отворено е само прашањето кога точно мексиканскиот милијардер ќе го зголеми уделот на својот мобилен гигант America Movil од сегашните 26,8%. "Ова може да се случи по две недели или во рок од шест месеци", изјави извор запознат со случувањата. Недвосмислено јасно сепак било дека понуда ќе има. На овој начин групата на фанови на пури Слим ќе продолжи шопинг тура во Европа и ќе ја намали зависноста од внатрешниот мексикански пазар. " Слим би сакал поголема контрола над Telekom Austria " , вели банкар . Во Мексико America Movil прави две третини од својата оперативна добивка . Меѓутоа  моќта на компанијата ќе биде ограничена со строги нови правила. 74-годишниот Слим контролира 70 проценти од мексиканскиот пазар на мобилни услуги и 80 отсто од пазарот на фиксни линии , што ги натера политичарите и органите за заштита на конкуренцијата да преземат мерки. " во Мексико регулаторната средина се менува", вели еден банкар , специјализиран во телеком индустријата , цитиран од Ројтерс . " Сосема јасно е , Европа е неговата шанса за иднината " . Извршниот директор на Telekom Austria Ханес Аметсратер вели дека нема дополнителни информации за плановите на главниот акционер. Досега амбициите на Слим во Европа не се крунисани со успех. Во 2012 година тој влегува во холандската компанија за телекомуникации KPN. Предлогот за стекнување на мнозински удел сепак не успеа поради отпорот на Холанѓаните. Во Австрија тој сака да избегне сличен неуспех и се обидува да задржи политичари, акционери и важни менаџери од компанијата на негова страна. Зетот на Слим и извршен директор на America Movil Даниел Хаџ , беше во средината на ноември во посета на Австрија и тогаш во интервју за медиумите ја исклучи можноста за непријателско преземање на Telekom Austria . " Од нас можете да очекувате многу , но не и нељубезност . Ние избираме заеднички пат со нашите партнери во Австрија " , рече тој тогаш. На Слим наскоро може да му се отвори можност да го зголеми својот удел во Telekom Austria преку зголемување на капиталот . Аналитичарите очекуваат на годишното генерално собрание на 28 -ти мај компанијата да добие од страна на акционерите зелено светло за ваквиот потег кој би придонел за зајакнување на капиталната база . За откуп на мнозинскиот удел сепак неколку милијарди долари дополнителен капитал нема да се доволни - бидејќи освен America Movil и ÖIAG ќе го следат примерот. Но Слим може да ја искористи можноста да го зголеми своето учество . Ако држи повеќе од 30 проценти , тогаш според австриските закони ќе биде обврзан да им претстави на останатите акционери задолжителна понуда за стекнување. Според извори од финансиските кругови Слим би можел на подолг рок да се стреми кон мнозински удел од 51 отсто. Најверојатно ÖIAG во догледна иднина, како што е предвидено во договорот за управување, ќе се стреми да го задржи барем правото на блокирање малцинство со удел од 25 проценти, додека останатите акции ќе останат да котираат на берза. Експертите од индустријата не ја исклучуваат можноста преку која Слим може да го зголеми своето влијание врз Telekom Austria : сојуз со ÖIAG . Двајцата главни акционери заедно ќе држат повеќе од половина од акциите. Во таков сојуз партнерите не може да гласаат еден против друг при донесување стратешки одлуки . Тоа би било ефикасна алтернатива за финансиски послабите партнери на Слим. Telekom Austria Group е водечки играч во телеком индустријата во Југоисточна Европа со 24 милиони клиенти во осум земји - во Австрија (A1), Словенија (Si.mobil), Хрватска (Vipnet), Република Србија (Vip mobile), Македонија (Vip operator ), Бугарија (Mobiltel) Белорусија (velcom) и Лихтенштајн (mobilkom liechtenstein). Вкупниот пазар на осумте земји се пресметува на околу 41 милиони жители. Групата дава леб на околу 16 450 вработени и во 2012 година име приходи во износ од 4,33 милијарди евра.   К.К.
Слично

Поврзани вести