Карла Дел Понте си даде оставка од ОН
Карла Дел Понте која се прослави во својата кариера како обвинител кој ја водеше истрагата за воените злосторства од југословенските војни во судот во Хаг се повлече од уште една функција која и носеше голема забележливост. Таа повеќе нема да биде на чело на истрагата за воениот конфликт во Сирија бидејќи не добивала соодветна поддршка од Советот за безбедност при Обединетите нации.
„Ние сме немоќни, нема правда за Сирија“, посочи Дел Понте на прес конференција во Швајцарија. Таа е незадоволна бидејќи Советот за безбедност не нудел никаква посериозна поддршка за комисијата која ја води истрагата без што не може успешно да се изведат обвиненија за воени злосторства пред суд.
„Тоа што го видовме тука во во Сирија го нема на ниту едно друго место. Таква трагедија не сум видела ниту во Руанда, ниту во Југославија. За жал немаме трибунал“ рече Дел Понте.
Сега ОН ќе треба да формираат ново тело кое се ангажира за истрагата за воените злосторства направени од режимот на Башр ал Асад но, и од бунтовничките и терористичките групи во граѓанската крвава војна во Сирија.
