Економија, финансии, бизнис

Контакт

Карипските држави бараат компензација за периодот на ропство

Карипските држави бараат компензација за периодот на ропство

Од  Велика Британија, Франција и Холандија за периодот на колонијалното ропство барање за компензација ќе почнат лидерите на десетина карипски држави за објави„Ројтерс“.

Иницијативата потекнала од Гренада, а во реализацијата ќе помогне и Карипската заедница (Caricom), регионална организација на карипски држави која обично се занимава со трговија.

Ќе биде формирана заедничка комисија за репарација за да се забрзаат напорите што побрзо да се излезе со заеднички предлог.

Карипските држави како последица на ропството ги гледаат сиромаштијата и недостигот од општествен развој. Тие очекуваат во евентуалниот договор да биде вклучено и формално извинување, но со оценка дека само извинување нема да биде доволно.

Колкаво ќе биде паричното побарување сѐ уште не се знае, но репарациската комисија на Јамајка истакнала дека Велика Британија за време на еманципацијата во 1834 година им платила 20 милиони фунти на британските плантажери на Карибите, што денес би било еквивалентно на 200 милијарди фунти.

Слично

Поврзани вести