Економија, финансии, бизнис

Контакт

Карикатурите на пророкот Мухамед го прославија, а поради нив беа убиени многу луѓе: Почина карикатуристот Вестергард

Карикатурите на пророкот Мухамед го прославија, а поради нив беа убиени многу луѓе: Почина карикатуристот Вестергард

Сите се сеќаваат барем на една од неговите карикатури. Најпозната остана таа на пророкот која излезе на насловната страна на францускиот весник Шарли ебдо по што беа убиени 12 вработени во редакцијата. Почина карикатуристот Курт Вестергард кој со своите дела ги разбесни муслиманите ширум светот. Данецот починал по долго боледување, објави Берлингске.

Илустраторот е автор на најпознатите 12 карикатури објавени на 30 септември 2005 година во данскиот конзервативен дневен весник Јуландс-Постен под наслов Лицето на Мухамед, каде пророкот е прикажан со турбан во форма на бомба.

Карикатурите првично поминале незабележани, но по 15 дена е одржан протест во Копенхаген, а потоа протестираа амбасадорите на муслиманските земји во Данска.

Тогаш ескалираше гневот што резултираше со антиданско насилство во муслиманскиот свет во февруари 2006 година.

Насилството поврзано со карикатурите кулминираше во 2015 година за време на нападот врз францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо во Париз, кога беа убиени 12 вработени. Неделникот повторно ги објави карикатурите во 2020 година.


Слично

Поврзани вести