Карфур со намалена продажба и пад на профитот во 2012 година
Годишниот оперативен профит на францускиот трговски ланец Карфур лани благо е намален, како резултат на силниот пад на активноста во Европа и Азија и малата експанзијата во Латинска Америка.
Вториот светски трговски ланец во светот, лани оствари оперативен профит од 2,14 милијарди евра, во однос на 2,07 колку што аналитичарите очекуваа, што е пад од 2,6% на годишно ниво, пишува францускиот весник Капитал.
Само во Латинска Америка, оперативниот профит скокнал за 14,2%, додека во Азија паднал за 10,3%.
Слично
