Економија, финансии, бизнис

Контакт

Карантин за невакцинираните граѓани се воведува во Словачка

Карантин за невакцинираните граѓани се воведува во Словачка

По Австрија, и Словачка воведува карантин за невакцинираните граѓани. 

Само оние што се вакцинирани или прележале ковид во последните шест месеци ќе можат да влезат во ресторани, трговски центри, на спортски активности и јавни настани.

Мерките стапуваат во сила во понеделник и се очекува да траат три недели.  Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската Унија - 45 проценти. Словачка има рекорден број новозаразени лица во изминатите денови. Земјата во вторникот имаше 8.000 инфицирани, а претходно оваа недела објави дека има само уште неколку кревети во одделенијата за интензивна нега за пациенти со коронавирусот, објави Ројтерс.

Инаку, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ предизвика бура реакции со изјавата дека ковид мерките кои ги презела Австрија може да се споредат со фашизам. Официјална Виена остро ја осуди изјавата на Милановиќ. 

Слично

Поврзани вести