Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАРАНТИН И КОВИД 19: Европа дише почист воздух

КАРАНТИН И КОВИД 19: Европа дише почист воздух

Големото намалување на аерозагадувањето поради ограничувањата наметнати ширум Европа поради Ковид-19, може да спаси 11.000 животи, објави „Франс прес“.

Производството на електрична енергија од јаглен е намалено за 40%, а потрошувачката на нафта опадна за третина.

Ова веднаш влијаело врз чистотата на воздухот. Концентрациите на азотниот диоксид и честичките ПМ 2,5 се намалени за 37 и 10 отсто. Ова го покажуваат податоците на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.

Почистиот воздух ќе спаси голем број животи на стариот континент. 

Како резултат на новонастанатата состојба, во Германија ќе бидат спасени 2.083 лица, во Велика Британија  1.752, во Италија 1.490, во Франција 1.200 и во Шпанија со 1.081 лица.

Откако во Македонија се ограничи движењето на населението, за да се спречи ширењето на вирусот, исто така е забележано дека воздухот е почист. 

Скопје утрово е 55-от најзагаден град во светот. 

Слично

Поврзани вести