Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракас е најскапиот град за странски работници

Каракас е најскапиот град за странски работници
Главниот град на Венецуела - Каракас , го помести Токио во рангирањето за најскап град во светот за странски работници , според новиот рејтинг на ECA во врска со трошоците за живот во светот. Ова е прв пат Каракас да ја предводи листата и е сериозно искачување од страна на главниот град на Венецуела , која во изминатата година ја заземаше едвај седмата позиција . Покачувањето со 60% на трошоците за храна и услуги придонело за првото место во рангирањето . Венецуела страда од една од највисоките инфлации во светот , која во голема мера е последица на владините мерки на ограничувања кои доведоа до недостиг на стоки и профитерство во земјата, како и поради строг надзор врз девизното тргување . Владата забранува пристап до американски долари , што дополнително води до поскапување на храната и увезената стока. Истражувањето е направено врз основа на потрошувачка кошница на стоки и услуги , често купување од странските работници во 440 поголеми градови на светот. Потрошувачката корпа вклучува овошје и зеленчук , алкохол и цигари , облека и др. Во корпате не се вклучуваат трошоците за кирии , школарината , набавки на автомобили и др. , кои традиционално се покриваат од страна на работодавците . На второ место како најскапо место за странците е рангирана Луанда - главниот град на Ангола . Високите трошоци за производи се последица на значителните увозни давачки , високите даноци и монополската понуда од страна на синџири поврзани со политичката елита. На третото место се пласираше Осло , главниот град на Норвешка . Во меѓувреме минатогодишниот лидер Токио се спушти до 10 - тото место на листата поради поевтинувањето на јенот во однос на другите големи валути .
Слично

Поврзани вести