Канадско месо во Европа, европско млеко во Канада – постигнат е договорот за слободна трговија
Канада и Европската Унија ( ЕУ ) го постигнаа долго очекуваниот договор за слободна трговија , насочена кон стимулирање на растот и зголемување на вработеноста. Договорот ќе ги намали тарифите , ќе го стимулира ратот на економиите и значително ќе ја намали бирократијата .
Денеска во Брисел ваквиот договор го постигнаа канадскиот премиер Стивен Харпер и претседателот на Евопската комисија ( ЕК) Жозе Мануел Баросо , пренесува ВВС .
Баросо рече дека е постигнат важен пробив во преговорите , со кој е овозможено постигнувањето на , како што рече, ексклузивен договор помеѓу ЕУ и Канада.
Сепак претходно ваквиот договорот треба да биде одобрен од сите земји -членки на ЕУ и од Европскиот парламент .
Еднаш одобрен , договорот ќе им овозможи на канадските компании, како и на оние на 28-те земји -членки на европскиот блок да инвестираат и да тргуваат меѓусебно со далеку помалку рестриктивни слови . ЕУ е вториот најголем трговски партнер на Канада, веднаш по САД .
ЕК очекува договорот да ја забрза и олесни билатералната трговија со стоки и услуги за една петтина или до 25,7 милијарди евра годишно .
Харпер изјави дека тоа е " најголемиот трговски договор за Канада , која земјата некогаш го има направено" .Тој истакна дека договорот ќе обезбеди пристап на северноамериканската држава до европскиот пазар со над 500 милиони корисници, што го прави најголемиот договор за слободна трговија по склучувањето на т.н. Северноамерикански договор за слободна трговија со САД и Мексико .
Двете земји преговараа за четири години . Најтешки беа преговорите за прашањето за млечните производи и отворање на европскиот пазар за канадското говедско месо . На крајот официјална Отава се согласи да ја удвои квотата за европско сирење без увозни давачки во замена за поголем пристап до европскиот пазар за канадските производители на говедско месо.
Слично
