КАНАДСКИОТ ПРЕМИЕР РЕЧЕ ДЕКА НЕГОВАТА ЗЕМЈА НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА: Трамп вели дека тоа би бил „прекрасен брак“
Премиерот на Канада, Марк Карни вели дека неговата земја никогаш нема да биде на продажба. Со ова ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп кој говореше дека Канада ќе биде 51-та држава на САД.
Тој денеска ја посети Белата куќа и отворено му рече на американскиот претседател дека Канада никогаш нема да биде на продажба. Карни победи на изборите на 28 април со ветување дека ќе му се спротивстави на Трамп, кој воведе царини за некои канадски производи.
Трамп рече дека двете страни нема да разговараат за тоа Канада да стане дел од САД, но рече дека тоа би бил „прекрасен брак“. Карни категорично ја отфрли идејата.
„Никогаш не вели никогаш, никогаш не вели никогаш“, рече Трамп.
Трамп додаде дека Канада секогаш ќе им биде пријател.
