Канада воведе санкции кон банката „Русија“
По примерот на Америка и Канада воведе санкции против банката „Русија“, поради акцијата на Москва во Украина.
Канада не остана рамнодушна и кон четиринаесет руски преставници, против нив воведе економски санкции.
- Заедно со нашите меѓународни сојузници, нашата Влада презема силен став на поддршка на Украина, наведе во соопштение канадскиот премиер Стивен Харпер.
- Ние продолжуваме да преземаме дополнителни акции за да ја ограничиме активноста на одредени поединци како и на банката „Русија“, кои се одговорни за поткопување на украинскиот суверенитет, се наведува во соопштението.
Харпер, кој патува во посета на Украина, додаде дека т.н. референдум нема легитимитет, а секоја натамошна ескалација од страна на Русија ќе доведе до нова изолација на меѓународната заедница.
Слично
