КАНАДА: Во пукање повредени двајца полицајци, напаѓач пронајден мртов!
Двајца полицајци се повредени во пукање во канадската провинција Алберта, а нивниот напаѓач после кратка потреа е пронајден мртов, соопштила канадската полиција.
Полицијата синоќа на паркинг пред казиното во градот Сент Алберт, северно од Едмонт, воочиле едно украдено возило, а потоа влегле во казиното каде осомничениот пукал во нив, изјавил портпаролот на канадската полиција Мартин Дегранд.
Напаѓачот стар околу 30 години избегал од местото на нападот и за него е покрената потера. Нешто подоцна е пронајден мртов во една празна куќа.
Полицајците немале шанса да разговараат со напаѓачот, ниту пукале на него, рекол Дегранд, додавајќи дека полицајците по влекгувањето во куќата го пронашле мажот мртов.
Повредените полицајци од кои еден е во тешка состојба се наоѓаат во болница.
Слично
