Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАНАДА: Тинејџерот пред да го нападне училиштето, ги застрелал сопствените браќа

КАНАДА: Тинејџерот пред да го нападне училиштето, ги застрелал сопствените браќа

Приведено е седумнаесетгодишното момче, кое е осомничено за вчерашниот вооружен напад  во средното училиште во Канада, каде четири лица загинаа, а седуммина беа повредени, јави ТАСС.

Малолетникот, пред да го изврши нападот, во својот дом ги застрелал двајцата браќа, а потоа уби професор и асистентка во училиштето.

Фамилирајниот пријател Џо Лемегр вели дека додека мајка му на тинејџерот заедно со неговиот дедо биле излезени од дома, малолетникот пукал во своите браќа.

Во моментов тој е во притвор и му е одземено оружјето.

Засега не се знае неговиот мотив за нападот, а не се открива и неговиот идентитет.

Инаку, вооружени напади се ретка појава во Канада, која има остри закони за поседување оружје. Последниот ваков напад беше во 1989 година.

Слично

Поврзани вести