Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канада подготвува одмазда-ескалира војната со САД

Канада подготвува одмазда-ескалира војната со САД

Премиерот на Канада Џастин Трудо ветил дека ќе ги брани интересите на неговата земја, откако САД воведоа царина на канадската дрвена градба.

Тоа, како наведува Ројтерс, довело до ескалација на трговските тензии меѓу двете земји и пад на канадскиот долар на 14 месечен минимум.

„Одбрана на канадските интереси е моја работа, без разлика дали се работи за меко дрво или софтвер“, изјавил Трудо во Онтарио.

Американскиот министер за трговија Вилбур Рос изјавил вчера дека САД ќе воведе прелиминарни царини и од 20 отсто на увозот на канадска мека градба , што како наведува Ројтерс ќе го загрози увозот на градежниот материјал во вредност од околу 5,66 милијарди долари.

Најновиот спор предизвикал пад на канадската валута од 1,3594 канадски долари за американскиот долар од вчерашните 1,3516.

Слично

Поврзани вести