Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канада издава забрзани визи за квалификувани професионалци

Канада издава забрзани визи за квалификувани професионалци

Канада започна посебна програма за привлекување на високо квалификувани професионалци, така што издава забрзани визи за нивниот престој. Така земјата сака да ја искористи затегнатата имиграциона политика на САД, соопштува Ројтерс.

Мерката е прогласена во исклучително важен момент за канадските технолошки компании. Тие се обидуваат да привлечат водечки специјалисти, кои инаку се насочуваат кон Силиконската долина во САД - главен работодавач на странски службеници.

Во еден свет каде што луѓето стануваат се позатворени, каде популизмот се засилува и има силна исламофобија и ксенофобија, антиимигрантските чувства се силни, Канада зазема уникатна позиција, рекол министерот за иновации, наука и економски развој Навдип Бејнс при претставувањето на програмата.

Бејнс и други владини претставници внимателно избегнуваа да го споменуваат името на претседателот на САД, Доналд Трамп, но наместо тоа, се упатија кон претставувањето на позитивните страни на новата шема која цели да им помогне на локалните компании да растат најмалку со 10 проценти.

Претставниците на технолошкиот сектор кои биле присутни на презентацијата сепак не биле толку деликатни.

Рој Переира, творец на компанијата за вештачката интелигенција Зум (Zoom.ai) рекол дека политиката на Трамп го зајакна интересот на специјалисти, кои во моментов живеат во САД, кон Канада.

Од вкупно 150 кои конкурирале за три објавени позиции неодамна 50 биле на луѓе кои живеат во САД, објаснил тој. Од десеттемина кои тој подоцна ги интервјуирал, повеќето посочиле дека се насочени кон Канада поради политичката клима во САД.

Канадскиот план претставен во ноември, како дел од пошироката стратегија за поддршка на економскиот раст, цели кон тоа да ги скрати до две недели роковите за издавање на дозволи за работа и визи, додека сега процесот продолжува обично помеѓу 6 месеци и година.

Владата не определило квоти за странците кои ќе се вклучат во планот во првите две години.

Слично

Поврзани вести