Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канада ги протера руските војници заради Украина

Канада ги протера руските војници заради Украина
Деветмина руски војници кои учествуваат на воени вежби во Канада добија 24 часа да ја напуштат земјата, како реакција на руската интервенција во Украина. Најголем дел од војниците престојувале во Канада за да изучуваат англиски и француски јазик. Чекорот доаѓа веднаш откако канадскиот премиер Стивен Харпер објави дека сите планирани билатерлани активности меѓу Канадските вооружени сили и Армијата на Руската федерација се суспендирани, меѓу кои и воената вежба „Буден орел“ во рамките на НОРАД. Харпер изјави дека канадската Влада нема да ги признае резултатите од референдумот на Крим за отцепување од Украина и припојување кон Русија, бидејќи смета дека „регионот во моментов е под илегална воена окупација“. „Канада ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата во Украина со најголема загриженост и ќе продолжи да соработува со нашите Г7 партнери и со останатите сојузници кои мислат како нас“, рече Харпер.  
Слично

Поврзани вести