КАНАДА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА БЕГАЛЦИТЕ: Првите ги дочека лично Премиерот!
Првиот авион на кандските власти со бегалци од Сирија слета утрово во Канада, каде ги дочека премиерот Џастин Трудо.
Трудо, при дочекот на 163 бегалци, рекол дека неговата земја „на светот му покажува како треба да се отворат срцата“.
Новоизберената канадска власт вети дека до крајот на февруари ќе прими 25 000 бегалци.
Ставот на Канада кога се работи за бегалците многу се разликува од САД, кои не сакаат да примат мигранти.
Другиот авион со мигранти утре ќе слета во Монтреал.
Канадскиот министер за имиграција Џон Мекалам изјави дека сите десет провинции се изразиле позитивно за приемот на бегалци.
Слично
