Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кампањата продолжува: Како да се преживее до 1,5 долар во џеб?

Кампањата продолжува: Како да се преживее до 1,5 долар во џеб?

По повод кампањата за собирање средства за помош и лекување на маларија,  20 илјади Британци одлучија да постат пет дена пред Велигден.

Но како главен предизвик за нив е да успеат да се нахранат секој ден од тие пет дена за само една фунта , со што треба да го привлечат вниманието на спонзорите за донирање во кампњата на невладината организација Оксфам.

Освен за болните од маларија, вклушените во кампањата се надеваат дека ќе го привлечат вниманието и врз една милијарда луѓе кои живеат во исклучителна сиромаштија.

Иницијативата започна во 2009 година во Австралија и постепено ги опфаќа САД, Канада, Нов Зеланд, а сега и Велика Британија.

Пред неколку дена медиумите објавија дека во ваква кампања беа вклучени и повеќе американски ѕвезди кои треба да живеат со 1,5 долар на ден.
Слично

Поврзани вести