Камиони на смртта: Мигранти во Австрија се шверцуваат
Минатото лето 72 мигранти починаа во затворени камиони додека се шверцувале, но оваа појава никако да запре.
Полицијата во Австрија забележува зголемен број на обиди за трговија со луѓе во земјата во камиони, пренесоа американските медиуми. Само за една недела имало два случаи во кои е направен обид 10 лица да бидат прошверцувала во Австрија.
Петмина Ирачани, вклучувајќи и две деца, се откриени во близина на границата со Словенија вчера во турски камион, откако возачот соопштил на полицијата дека слушнал шум во товарниот простор на камионот. Четворица Пакистанци и Авганистанец се откриени во босански камион во истиот регион ден порано, пак по сигнал на возачот, кој слушнал гласови.
Автомобили, запечатени со оловни пломби кои пристигнуваат од земји надвор од ЕУ, обично се отвораат кога стигнат до својата дестинација. Според полицијата овие случаи покажуваат дека се прават обиди да се заобиколи затворањето на Балканската рута која ја користеа стотици илјади луѓе кои бараат подобар живот во Европа.
