Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМИЛСКИОТ ГРИП ПОСМРТОНОСЕН ОД КОВИД-19? Дали Катар би бил епицентарот на нова епидемија

КАМИЛСКИОТ ГРИП ПОСМРТОНОСЕН ОД КОВИД-19? Дали Катар би бил епицентарот на нова епидемија

Додека 1,2 милиони фудбалски фанови се во Катар за Светското првенство во фудбал во 2022 година, СЗО предупреди на можна појава на грип од камили, познат и како Блискоисточен респираторен систем (МЕРС). Се смета дека е посмртоносен „братучед“ на КОВИД-19, убива до една третина од оние што се заразуваат.

Една недела по турнирот, експертите на Светската здравствена организација (СЗО) предупредија за ширење на смртоносниот грип на камили, познат и како Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС). Со оглед на тоа што близу 1,2 милиони фанови на фудбалот се во Катар, според здравствените ескперти, има причини за загриженост.

Студијата објавена во списанието New Microbes and New Infections вели дека камилскиот грип е еден од осумте потенцијални „ризици од инфекција“, вклучувајќи ги КОВИД-19 и мајмунски сипаници, кои го загрозуваат Светското првенство кое трае четири недели.

Што е камилски грип?

Првпат идентификуван во Саудиска Арабија во 2012 година, МЕРС е вирусна респираторна болест предизвикана од коронавирус. Тоа е зоонозен вирус, што значи дека се пренесува меѓу животните и луѓето. Поврзан е со дромедри или едногрбни камили во неколку земји од Блискиот Исток, Африка и Јужна Азија.

МЕРС неодамна беше именуван од СЗО како еден од вирусите кои имаат потенцијал да започнат пандемија.

Кои се симптомите на камилскиот грип?

Типични симптоми вклучуваат треска, кашлица и отежнато дишење. Пневмонијата е честа појава, но пациентите со МЕРС не може секогаш да ја развијат оваа состојба. Гастроинтестинални симптоми, вклучително и дијареа, исто така се пријавени кај пациентите, наведува СЗО.

Тешката болест може да предизвика респираторна инсуфициенција која бара механичка вентилација или лекување во единицата за интензивна нега. Постарите луѓе, луѓето со ослабен имунолошки систем и оние со хронични заболувања како што се бубрежни заболувања, рак, хронични белодробни заболувања, хипертензија, кардиоваскуларни болести и дијабетес се чини дека се изложени на поголем ризик од развој на тешка болест, вели СЗО, пренесува Firstpost.

фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Слично

Поврзани вести