Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камерон: Влезот на Хрватска и преговорите со Србија влијаат врз демократијата

Камерон: Влезот на Хрватска и преговорите со Србија влијаат врз демократијата
Според премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, влегувањето на Хрватска во ЕУ и отворањето на пристапни разговори со Србија има голем ефект врз поткрепата на демократијата во Западен Балкан. Хрватското членство во Унијата заедно со одлуката да се почнат преговори за влез во ЕУ на Србија како две соседни земји кои до скоро беа непријатели, за Камерон само ја покажува големата сила на Унијата да ги трансформира претходно разделените општества. Британскиот премиер за време на работната посета на Казакстан, пред студентите на државниот Универзитет во Астана истакна дека покрај ширењето кон југот на Европа и Западниот Балкан, Унијата сега треба да се сврти и кон Истокот, зад веќе примените балтички земји. Литванија, Летонија и Естонија се единствените држави од поранешниот Советски Сојуз кои се членки на ЕУ. Како можни кандидати порано се посочуваа и Украина и Грузија, но британскиот премиер во своето предавање во главниот казакстански град, не спомена никого. „Велика Британија уште од почетокот го поддржува процесот на проширување на ЕУ и тоа го бараме и сега, залагајќи се тој процес да продолжи и понатаму, изјави Камерон.
Слично

Поврзани вести