Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камерон уверува – продолжува проширувањето на ЕУ!

Камерон уверува – продолжува проширувањето на ЕУ!

Ширењето на Европската унија нема да биде запрено, изјави во Лондон премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон по средбата со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ. За влезот на Хрватска во Унијата тој истакна дека е големо достигнување, а вети и дека Велика Британија заедно со Хрватска ќе работи на реформите на Унијата.

За Јосиповиќ пак е многу важно државата да има партнер како што е Велика Британија, и покрај различните ставови за институционалниот и економски развој на Европа.

„Ние имаме свои обврски од пристапниот договор. Тие го вклучуваат и еврото, а од друга страна мораме да разбереме дека некои земји имаат поинакви позиции. Ќе биде потребен голем напор за да се најде формула која ќе овозможи натамошен развој на Европа, уважувајќи ги специфичностите на одредени држави“, рече Јосиповиќ.

Хрватска станува дел од Унијата на 1 јули.

Слично

Поврзани вести