КАМЕРОН УВЕРУВА: Нема да ги наследи офшор компаниите на својот татко
Дејвид Камерон, сопругата и децата нема да имаат корист во иднина од офшор компаниите. Ова уверување било објавено на британските медиуми од „Даунинг стрит“.
Официјалното соопштение доаѓа по откритието во „Panama Papers“ (панамските документи), во кои се најде и името на таткото на Камерон.
Излезе дека според објавените документи таткото на британскиот премиер никогаш не се плаќал даноци во Велика Британија.
Во денешното соопштение до медиумите се вели дека премиерот и неговото семејство не уживаат во актуелно какви и да се офшор фондови. Тоа сепак остави простор за шпекулации дека Камерон ќе ги наследи офшорките на татко си.
Неговите политички противници сепак инсистираат Камерон да каже јасно дали се богател ретроактивно од семејни офшорки.
Сеуште нема официјално соопштение од „Даунинг стрит“ 10 дали мајката на Камерон - Мери, сеуште го користи финансискиот инвеститорски фонд, основан од Камерон постариот на Бахамите во 80-тите години, прецизира Independent, цитиран од Стандард њуз.
Во меѓувреме, има информации дека предметните сметки се преместени во Даблин во годината во која Камерон е избран за премиер, и од тогаш по нив се плаќаат даноци во Ирска.
