Камерон штеди како Тачер
Политиката на владата на британскиот премиер Дејвид Камерон, се повеќе потсеќа на економската политика и екстремните резови кои во текот на 1980-та ги спроведуваше Маргарет Тачер.
Велика Британија во 1979-та кога неодамна починатата Тачер стана премиер, беше погодена од длабока економска криза, поради што таа веднаш почна со спроведување на бескомромиони мерки за штедење, од каде го доби и славното име “Челичната дама“.
Оваа земја денеска се наоѓа во слична ситуација, нејзиниот јавен долг достигнува 70,7 отсто БДП, а политиката на премиерот Камерон содржи многу елементи од “тачеризомот“, пишува францускиот весника Poan.
Дејвид Камерон во јуни 2012-та најави детални реформи на системот за социјална заштита на граѓаните, посебно во делот за социјална помош со цел намалување на буџетскиот дефицит.
Во предстравувањето на буџетот за фискалната 2013-та година, претставниците на британската влада на крајот на март најавија ограничување на средствата за социјална помош во наредните три години на 1 отсто, без обзир што инфлацијата достигнала 2,8 отсто и што е намалено издавањето на станови во најзагорзените делови од државата.
Потоа следуваше и најавата за засотрување на законот за имигранти, со цел да се намали нивниот број, а еден од начините е укинување на социјалната помош на оние кои во рок од шест месеци не успеваат да најдат работа.
Според податоците на лондонски Гардијан, 20,3 милиони британски фамилии примаат социјална помош од државата, која представува половина од вкупниот приход за 9,6 милиони фамилии.
Слично
