Камерон: Санкциите кон Русија ќе се зајакнуваат
Британскиот пемиер Дејвид Камерон изјави дека западните земји ќе го зголемат притисокот на Русија доколку таа не го промени својот „неприфатлив“ став кон Украина.
„Мораме да бидеме апсолутно јасно дека руските трупи на украинското тло се неприфатливи“, рекол британскиот премиер за Би-Би-Си во очи самитот на лидери на НАТО кој почнува денеска во Велс, на кој се очекува членките на Алијансата да покажат единство во спротивставувањето на Русија поради нејзината позиција во кризата во источна Украина.
Камерон додаде дека санкциите против Русија веќе дале одредени резултати.
„Русија треба да сфати дека доколку не го промени пристапот кон Украина овој притисок ќе продолжи“, предупреди британскиот премиер.
Слично
