Камерон: Референдум за членството на Британија во ЕУ во 2017
Парламентарните избори на 7 мај во Велика Британија веќе привлекуваат гоемо внимание поради референдумот одржан за независноста на Шкотска и се популарната антиевропска партија УКИМ .
Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјавил дека е подобро што порано да се распиша референдум за членството на Влеика Британија во ЕУ, што ветил до 2017 година ако победи на парламентарните избори закажани за во мај, јавува Би-Би-Си.
„Референдумот би требало да биде одржан пред крајот на 2017 година. Би сакал тоа да биде што порано, колку порано толку подобро“; рекол Камерон за британската телевизиска мрежа.
Тој неодамна го ветил тој референдум до 2017 година доколку неговата Конзервативна партија победи на парламентарните избори во мај.
Под притисок на јавното мислење и евроскептици, Камерон пред крајот на ноември го претстави планот чија цел е да се намали доаѓањето на странски работници во земјите на ЕУ, така што ќе им бидат укинат социјалните примања.
Неговиот реизбор засега е неизвесен, бидјеќи според досегашните анкети, лабуристите се во блага предност.
