Камерон ја налути Меркел
Ангела Меркел го „губи трпението“ со Велика Британија и нејзините постојани приговори кон Брисел и кон функционирањето на Европската унија, пишуваат лондонските медиуми повикувајќи се на извори во Берлин.
Според написите, на Германците им пречи однесувањето на британската Влада кога станува збор за соработката во ЕУ како и последната закана од страна на британскиот премиер Дејвид Камерон дека ќе стави вето на предложениот буџет на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година, што треба да биде усогласен и усвоен до крајот на овој месец. Европската комисија бара зголемување на буџетот до една билијарда евра, или за пет отсто, на што се противи Владата во Лондон.
Британскиот Премиер во меѓувреме услови дека ќе стави вето доколку не се преземат мерки за штедење, односно додека не бидат намалени платите на четири илјади функционери на Европската комисија, што имаат годишна плата од по 100.000 евра.
Гернамската Влада пак е незадоволен од Британците кои постојано се закнуваат со напуштање на ЕУ, а Германија и Франција се противат на идејата на британските ториевци за преиспитување на односите меѓу Лондон и Брисел, по членство во Унијата од скоро 40 години. Тврдењето дека Меркел го „губи трпението“, доаѓа на два дена пред нејзината посета на Велика Британија. Таа во среда ќе се сретне со Камерон за да се најде компромис околу европскиот буџет.
Слично
