Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камерон: Излегувањето на Велика Британија од Унијата нема да е чекор кон вистинска насока

Камерон: Излегувањето на Велика Британија од Унијата нема да е чекор кон вистинска насока

Евентуално излегување на Велика Британија од Унијата по референдумот, кој треба да се оддржи до крајот на 2017 година, нема да е чекор кон вистинска насока за земјата, изјави за „БиБиСи“ премиерот Дејвид Камерон.

Неопходно е да се потрудиме нашите предлози за реформите на ЕУ да бидат прифатени и токму тоа ќе е вистинскиот чекор, изјавил Камерон и уверил дека неговата влада работи деноноќно за остварување на своите иницијативи.

Камерон веќе официјално доставил четири барања пред телата на Унијата: признавање на ЕУ за многовалутна унија, зголемување на конкурентноста внатре во Унијата, проширување на овластувањата на националните парламенти во законите на ЕУ и затегнување на миграционите дозволи кои предвидуваат блокирање на пристапот на мигрантите од ЕУ до социјални плаќања и други привилегии во Велика Британија.

Според Камерон исполнувањето на овие услови треба да послужи како основа за поддршка на британските гласачи на националниот референдум за останувањето на земјата во составот на Унијата.

Ако сепак, преговорите кои Лондон ги води со европските партнери, пропаѓање на Камерон не исклучува ништо од игра. Најдобро за Велика Британија би било да остане во една реформирана ЕУ. Се надевам дека ќе биде постигнат договор на самитот во февруари во Брисел, изјави тој.

Слично

Поврзани вести