Камерон и Путин за мировни преговори за Сирија
Британскиот премиер Дејвид Камерон и рускиот претседател Владимир Путин се сложиле дека е неопходно повторно да се покренат мировни преговори за Сирија, соопштуваат денеска од британската влада.
„Во текот на телефонскиот разговор на Путин во кој на Камерон му ја честитал изборната победа, се сложиле дека е неопходно да се продолжат мировните преговори за Сирија во која беснее граѓанска војна од март 2011 година“, соопштено е во Лондон.
Претходните мировни преговори не ја решија ситуацијата во Сирија каде за четири години војна загинаа повеќе ос 220.000 луѓе, додека Исламската држава го искористи хаосот и зазеде големи делови на територијата на Сирија и Ирак.
„Двајцата претставници се сложиле дека е во интерес на Велика Британија и Русија да се помогне во наоѓање на решение за граѓанската војна во Сирија, а посебно да се запре Исламската држава“, соопшти британската влада.
Затоа советниците за безбедност на Русија и Велика Британија би требало да се состанат во цел оживување на мировните преговори. Путин и Камерон разговарале и за судирот во Украина, каде загинале повеќе од 6200 луѓе во украинската сила и проруските бунтовници.
Камерон рекол дека тој и Путин и понатаму имаат несогласици за тој конфликт. Русија негира дека им помага на проруските бунтовници со оружје и војници. Британскиот премиер, кој е реизбран на 7 мај, изјави дека е приоритет за Украина е спроведување за примирјето, од Минск.
