Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камерон: Ако ja напуштиме ЕУ, ќе живееме посиромашно

Камерон: Ако ja напуштиме ЕУ, ќе живееме посиромашно

Ако Велика Британија ја напушти Европската унија, тоа ќе го влоши животниот стандард на обичните Британци, изјави премиерот Дејвид Камерон во интервју за Sky News, цитиран од агенциите.

„Ако излеземе од ЕУ, ќе живееме посиромашн“, рекол Камерон 3 недели пред референдумот на 23 јуни.

Според него, во случај на Brexit земјата ја чека деценија на несигурност, во која владата ќе разгледува нови услови за трговија со ЕУ.

Британскиот премиер истакна дека независно од позицијата за членство на Велика Британија во ЕУ, тој никогаш не би дозволил таа да се приклучи на еврозоната, бидејќи тоа според него не одговара на основните интереси на земјата.

Камерон е убеден дека структура како ЕУ придонесува за стабилноста и мирот во регионот. „Во рамките на ЕУ земји кои војуваа меѓу себе 2 пати во изминатиот век, сега водат дијалог“, истакна тој.

Британскиот премиер рече дека во наредните децении Турција нема да влезе во ЕУ, бидејќи не се придржува целосно до бројните услови за пристапување.

„Во наредните децении нема изгледи за влез на Турција во ЕУ. Тие аплицирале во 1987 година и треба да затворат 35 поглавја, а досега е затворено само едно. Турција наскоро нема да се приклучи кон ЕУ - секоја земја, секој парламент може да стави вето“, посочи Камерон.

Тој ја даде изјавата во обид да ја смири загриженоста меѓу некои луѓе од публиката во студиото, дека влезот на Турција во ЕУ ќе доведе до поголем број мигранти во Велика Британија.

Слично

Поврзани вести