Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМЕРИТЕ ГО СНИМИЛЕ СТРАШНОТО КИДНАПИРАЊЕ: Познаник влегол во куќата и го однел малото момче од креветот

КАМЕРИТЕ ГО СНИМИЛЕ СТРАШНОТО КИДНАПИРАЊЕ:  Познаник влегол во куќата и го однел малото момче од креветот

Австралиската полиција успеа, по шестчасовно интензивно пребарување, да пронајде 20-месечно момче кое од неговиот дом го украл маж на 31 година. 

Маж со маска и ракавици влегол во куќата во Бризбејн околу 4 часот наутро, го извадил детето од креветчето и побегнал. Дека момчето исчезнало забележал дедото, кој случајно станал и видел дека вратата од детската соба е ширум отворена, пренесува Курир.рс.

Безбедносните камери го снимиле киднапирањето, а веднаш бил издаден и „аларм за барање“, па полицијата за рекордно време тргнала во потрага по исчезнатото дете.

Момчето било најдено по шест часа во куќа на околу осум километри од неговата семејна куќа. За среќа, тој не бил повреден, а киднаперот бил уапсен.

Тој на сослушувањето тврдел дека има шизофренија и дека слуша гласови. Веднаш му бил одреден притвор.

Очувот на детето за медиумите потврди дека момчето е добро и дека повторно е во прегратките на неговите најблиски.

Тој посочи дека семејството го познава човекот кој го киднапирал нивното дете.

„Го запознавме пред неколку месеци, тој изгледаше како добра личност“, рече кратко очувот.

Семејството спомена дека најверојатно ќе се иселат по овој страшен случај.

фото и извор: Курир.рс

Слично

Поврзани вести