КАМАЛА ХАРИС СЕГА ИМА И СВОЈ ПИЈАЛОК: Се вика „Камала е BRAT“
Камала Харис
добива поддршка од генерацијата Z во последните денови, откако британската поп пејачка Чарли XCX ја нарече „brat“ во една објава на мрежата X, што е сленг на оваа генерација (родена
помеѓу 1997 и 2012 година), од кои многумина се и гласачите на овогодинешните
избори. Овој израз очигледно има позитивно значење.
И има многу толкувања на поимот, а некои од нив се икона, чесен човек, автентична личност, личност која е несредена, но сака да се забавува, храбра и нема проблем да се соочи со непријатна ситуација, која значи и да влезеш во чевлите на Бајден и да го победиш Трамп. Аналитичарите веќе гледаат дека тоа ќе донесе позитивни работи за Камала.
И таа ситуација брзо се развива. Камала Харис веќе доби свој пијалок наречен „Камала е BRAT“.
Во барот Банкер во Вашингтон, кој е собиралиште на ЛГБТК+ заедницата, гостите имаа можност за прв пат да го пробаат овој пијалок.
