Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камала Харис кажа што мисли за потезите на Трамп

Камала Харис кажа што мисли за потезите на Трамп

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп. 

Taa го обвини за неодговорна политика и предупреди дека неговите потези би можеле да доведат до воени злосторства и дополнително да ги загрозат американските војници.

Харис рече дека Трамп се заканува дека ќе „уништи цела цивилизација“, нарекувајќи го неговото однесување „гнасно“ и без јасен план или стратегија за излез.

Во првата објава, таа истакна дека „претседателот на Соединетите Американски Држави се заканува дека ќе изврши воени злосторства и ќе ја уништи целата цивилизација, поради војна што ја започна самиот, без никаков план за нејзино завршување“. Таа додаде дека американските граѓани не ја поддржуваат таквата политика.

Потоа таа ги засили своите критики, обвинувајќи го Трамп за неодговорно лидерство кое „непотребно ги става нашите храбри војници во опасност, го оштетува глобалниот углед на САД и дополнително ги зголемува трошоците за живот за американските граѓани“. Таа ја повика јавноста да се спротивстави на конфликтот и финансирањето на она што го нарече „нелегална војна по избор“.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести