Калуш Оркестра го продаде трофејот од Евровизија за 900 илјади долари, а со парите ќе купат беспилотни летала
Украинскиот бенд Калуш Оркестра го продаде трофејот од Евровизија за 900 илјади долари, а со парите ќе купат беспилотни летала за украинската војска.
Станува збор за беспилотниот авионски состав ПД-2, наменет за украинските вооружени сили, кој вклучува три беспилотни летала од украинско производство и земјена контролна станица. Освоениот кристален микрофон од Евросонг е продаден на аукција која беше организирана на Фејсбук и која ја водеше украинскиот ТВ водител, Серхиј Притула. Претходно, бендот јавно ја најави продажбата на победничкиот трофеј од Евросонг, а објави и дека ќе организира голема турнеја во повеќе земји се со цел финансиски да ја помогнат својата земја. Тие победија со песната „Стефанија“. Русија на 24 февруари ја нападна Украина и засега нема решение на повидок. Многу земји ја помогнаа Украина со оружје.
Фото: Принтскрин/Инстаграм
