Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЛИФОРНИЈА ГОРИ: Пожари на 17 локации, расте бројот на човечки жртви

КАЛИФОРНИЈА ГОРИ: Пожари на 17 локации, расте бројот на човечки жртви

Шест луѓе починаа, а седум се водат за исчезнати во шумските пожари што ја погодија Калифорнија.

Меѓу настраданите се двајца пожарникари и четири цивили, меѓу кои идентификувани се баба и нејзините два внука.

Повеќе од 800 куќи и 300 згради се изгорени, а 37. 000 луѓе се евакуирани од градот Рединг и околината, каде пожарите веќе зафатија 42. 000 хектари земја.


Ројтерс пренесува дека во Калифорнија има 17 активни пожари и дека се ангажирани околу 36. 000 пожарникари за да се справат со огнената стихија.

Според федералните податоци, годинава во западниот дел на САД изгорени се 4.6 милиони хектари шума, што е за 24 отсто повеќе од истиот период минатата декада.  Добра вест е дека се намалува опасноста од ширење на пожарите поради намалениот интензитет на ветерот.


Слично

Поврзани вести