Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЛИФОРНИЈА БАРА ОТЦЕПУВАЊЕ ОД АМЕРИКА: Покрената процедура за референдум!

КАЛИФОРНИЈА БАРА ОТЦЕПУВАЊЕ ОД АМЕРИКА: Покрената процедура за референдум!

Калифорнискиот државен секретар Алекс Падила дал зелено светло за собирање на потписи за референдум за отцепување на таа сојзуна држава од остатокот на САД.

Гласањето за независност на Калифорнија е најавено за март 2019 година, а за да биде одржано тоа, е потребно да се соберат 600 000 потписи во државата од 40 милиони жители.

Против војна

„Во интерес на Калифорнија повеќе не е да биде сојузна американска држава. Не само што Калифорнија е приморана со своите даноци да плаќа огромни издвојувања за војската која веќе не праќа да војуваме во судири кои повеќе го јакнат тероризмот отколку што го слабеат. Единствена причина што не напаѓаат терористите е тоа што сме дел од САД. Освен тоа, Америка ја мрази Калифорнија“, рекол Маркус Иванс, потпретседател на движењето „Да, Калифорнија“.

Како што пренесуваат агенциите, прашањето на референдумот би требало да биде: „Дали Калифорнија би требало да биде слободна, суверена и независна држава?“

Висока цена

Падила рекол дека иако дал зелено светло, тоа не значи дека ја поддржува иницијатвата. 

„Одлуката за гласање и отцепување би и донела многу трошоци на Калифорнија“, рекол тој.

Според последните спроведени истражувања, 32 отсто од жителите на Калифорнија би гласале за отцепување од САД. Инаку, тоа е драстично зголемување на бројот на луѓе кои се за независност, а популарност на идејата донела одлуката на Велика Британија за напуштање на Европската унија и победата на Доналд Трамп на претседателските избори, иако тој во самата Калифорнија убедливо изгубил.

Слично

Поврзани вести