Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кал: Путин сака да освои повеќе, ако не и цела Украина, но Украинците се држат

Кал: Путин сака да освои повеќе, ако не и цела Украина, но Украинците се држат

Путин мора да ги намали своите цели во Украина, изјави американскиот потсекретар во Министерството за одбрана и официјален претставник на Пентагон, Колин Кал. 

Тој денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште сака да освои „повеќе, ако не и цела Украина, но мора да ги намали своите тактички цели во војната“. Кал не верува дека Путин ќе ги постигне своите цели. 

„Украинците се држат. Не мислам дека Русите имаат капацитет да постигнат толку грандиозни цели“, кажа Кал.

Официјален Пентагон соопшти дека руските сили би можеле „овде-онде“ да добијат тактичка предност, но ништо повеќе. 

Русите упатија последен повик до украинските борци во градот Северодоњецк да се предадат. 

Извештаите покажуваат дека околу 70% од градот Северодоњецк сега е под руска контрола. Војната започна на 24 февруари и уште трае. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести