Какво решение предлага Орбан за војната во Украина?
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека стратегијата на Западот Украинците да се борат и да ги даваат своите животи додека тие ги снабдуваат со пари, информации и оружје не функционира.
Тој додаде дека оваа стратегија „не е доволна да се победи Русија“, но и дека не постои нова стратегија.
„И покрај сè, унгарската влада не го менува ставот за Украина и се залага за моментален прекин на огнот и почнување мировни преговори“, истакна Орбан.
Вели дека е неопходно што побрзо да се прекинат воените дејства, а потоа да се пристапи кон изработка на светски план за решавање на украинскиот конфликт.
Тој се буни зошто ЕУ испраќа милијарди евра помош за Украина.Украински воени лица тврдат дека на југ ги пробиваат руските одбранбени линии.
Слично
