Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво богатство крие јужниот пол?

Какво богатство крие јужниот пол?
Според  договорот за Антарктикот, на  Антарктикот е забранета  војна  и рударска активност . Овој ненаселен континент на Земјата е зачуван за  научни истражувања од  животнискиот свет,  од пингвини до фоки. Во  написот објавен во списанието "Nature Communications" , тим од австралиски истражувачи,  наведуваат дека  ,во источниот Антарктик откриле кимберлит , ретка магматска карпа именувана  по јужноафрикансkата област Кимберли од каде што за прв пат е експлоатиран дијамантот. „Ова е вистиски доказ за постоењето на kимберлит на дното на Антарктикот‘‘ наведуваат научниците , истакнувајки дека до откритието дошле во планините на Принц Чарлс. Како што пренесува Ројтерс , во текот на дозволеното геолошко истражување не е пронајден ниеден дијамант. Кимберлитот, карпа од вулканско потекло , која се наоѓа под површината на земјата , до сега е пронајден на сите континенти. Оваа карпа е и потврда за раздвојување на континентот. Областа на источниот Антарктик некогаш била дел од суперконтинентот Гондван , кој ги вклучувал Африка, Јужна Америка, Австралија и Индија. Многу минерали , вклучувајки ја и платината , златото ,железото и јагленот , претходно се пронајдени на Антарктикот.
Слично

Поврзани вести