Какви шанси има Ангела Меркел да остане на власт?
Дури и опозицијата во Германија смета дека канцеларката Ангела Меркел уште нема сериозни противници за функцијата.
Малку повеќе од една година пред парламентарните избори во Германија, закажани за наесен 2017 година, германската канцеларка Ангела Меркел има за што да се грижи, пишува во коментар онлајн изданието The Local. На претходните избори таа објави дека ќе се кандидира повторно.
Сега не е јасно дали таа ќе се обиде да се бори за нов мандат. Германските медиуми пишуваат за молкот на Меркел.
The Local потсетува дека Ангела Меркел е на чело на Германија веќе повеќе од една деценија - од ноември 2005 година. Таа е првата жена федерален канцелар на Германија.
Резултатите од истражувањето на Bild покажуваат дека 50% од Германците веќе не сакаат Ангела Меркел да управува со Германија.
Меркел може да смета на поддршката во сопствената партија, од каде сметаат дека таа со своето богато искуство може да се справи со предизвиците.
