Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви се рејтинзите на Трамп и Клинтон?

Какви се рејтинзите на Трамп и Клинтон?

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп за прв пат од мај наваму ја претрка по популарност противничката од Демократската партија Хилари Клинтон, покажува  анкетата објавена денеска на телевизијата Еј Би Си и во. „Вашингтон пост". 

Според најновите податоци за Трамп на изборите на 8 ноември се подготвени да гласаат 46 % од испитаниците, а за Клинтон - 45%. 

Медиумите наведуваат дека ентузијазмот на гласачите за Клинтон е во опаѓање откако ФБИ посебно отвори истрага за електронската пошта која ја испраќала од приватен сервер во време додека била државен секретар на САД. Клинтон е само еден процентен поен зад Трамп. 

Анкетата е спроведена меѓу 27 и 30 октомври со 1128 учесници.


Слично

Поврзани вести