Каква плата! Колку заработува Сорос за еден ден?
Во изминатата 2013 година, богатството на милијардерот Џорџ Сорос се зголемило за 5,5 милијарди долари. Ако оваа сума се подели, се добива неверојатен податок - Сорос заработува по 15 милиони долари на ден!
Според проценките на списанието Форбс, вкупното богатство на Сорос во септември 2013 година изнесувало 23 милијарди долари.
Финансиските трансакции Сорос ги оствари преку инвестицискиот фонд Quantum Endowment. Компанијата, која има средства од 28,6 милијарди долари, е на прво место по профит меѓу инвестициските фондови.
Слично
