Каква ќе е Германија во 2025 година - две сценарија
Каква ќе е Германија во 2025 година, кога ќе се видат долгорочните последици од примањето на стотици илјади бегалци и мигранти?
Експертите предвидуваат две можни сценарија. 2015-та ќе влезе во германската историја претежно како годината на бегалците.
Негативното сценарио е поизразено. Внатрешната безбедност е дискутабилна тема. Богатите Германци веќе се повлекле во предградијата на градовите каде што живеат во добро. Според ова сценарио во 2025 година Германија е една поделена земја. Се повеќе образовани млади луѓе ќе ја напуштаат економски слабата Германија, но и поради страв од екстремизам.
Според второто сценарио Германија во 2025 година ќе биде земја на различности. Во сценариото се вели дека токму во 2017 година општеството сфаќа колку бесмислено и опасно е да се верува на десните популисти. Следат демонстрации за повеќе отвореност, толеранција и солидарност, а германската влада се обединува околу една разумна имиграциска политика по канадски модел.
