Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВА ИЗЈАВА НА ТРАМП - ИЗРАЕЛ ТРЕБА ДА ЈА ТАРГЕТИРА ИРАНСКАТА НУКЛЕАРНА СТРУКТУРА: Што се подготвува за Техеран?

КАКВА ИЗЈАВА НА ТРАМП - ИЗРАЕЛ ТРЕБА ДА ЈА ТАРГЕТИРА ИРАНСКАТА НУКЛЕАРНА СТРУКТУРА: Што се подготвува за Техеран?

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, во петокот изјави дека Израел треба да ја таргетира иранската нуклеарна инфраструктура, откако актуелниот демократ Џо Бајден рече дека „ќе размисли“ да ги гаѓа иранските нафтени постројки на местото на Израел.

Тензиите меѓу Иран и Израел се на високо ниво бидејќи Израел ги разгледува опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран, кој Иран го започна во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.

Претходно во петокот, Бајден рече дека да е на местото на Израел „би размислувал за алтернативи за таргетирање на нафтените постројки“, додавајќи дека Израел сè уште не одлучил како да изведе контранапад и дека „се уште е предмет на дискусија“.

Трамп подоцна го критикуваше Бајден во Северна Каролина и отиде чекор подалеку, сугерирајќи дека Израел прво треба да ја „таргетира нуклеарната“ инфраструктура и „подоцна да се грижи за останатите“, наведува агенцијата Франс прес.

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Слично

Поврзани вести