Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква е состојбата на жената и детето повредени откако руски дрон удри во зграда во Романија?

Каква е состојбата на жената и детето повредени откако руски дрон удри во зграда во Романија?

Момчето кое има 14 години и кое е повредено при падот на рускиот дрон во Романија се здобило со изгореници на рацете. Тоа е хоспитализирано на Одделот за хирургија во Детската клиничка болница во градот, соопшти романското Министерство за здравство.

Според информациите, момчето се здобило со изгореници на подлактиците, но нема респираторни проблеми и неговата состојба е стабилна.

Момчето и неговата мајка се повредени додека се обидувале да избегаат низ ходникот на зградата, каде што избувнал пожар по експлозијата предизвикана од ударот на дронот.

Жената се здобила со изгореници од прв и втор степен, а двајцата повредени се под лекарски надзор.

Инцидентот се случи откако руски дрон удри во станбена зграда во Галац, во близина на границата со Украина, што предизвика остри реакции од романските власти, НАТО и Европската Унија.

Романскиот претседател Никушор Дан, по состанокот на Советот за национална безбедност, ја соопшти одлуката за затворање на Генералниот конзулат на Руската Федерација во Констанца и протерување на конзулот.

Руски дрон ноќеска удри во зграда во Романија и повреди две лица, и покрај тоа што ова е сериозен инцидент, малку е веројатно дека ќе се смета за доволно сериозен за да се активира Член 5, клаузулата за колективна одбрана на НАТО. Наместо тоа, романската власт наводно размислува да го активира Член 4 од алијансата.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести