Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКОВ УЖАС ОТКРИВА НЕОДАМНА ОСЛОБОДЕНИОТ ХЕРСОН - пронајдени се најмалку 63 тела со знаци на мачење

КАКОВ УЖАС ОТКРИВА НЕОДАМНА ОСЛОБОДЕНИОТ ХЕРСОН - пронајдени се најмалку 63 тела со знаци на мачење

Најмалку 63 тела се пронајдени со знаци на мачење во неодамна ослободениот град Херсон, изјави вчера министерот за внатрешни работи на Украина.

„63 тела се откриени во регионот Херсон, но мораме да разбереме дека потрагата штотуку започна, ќе бидат откриени уште многу зандани и гробници“, рече министерот Денис Монастирски, пренесе новинската агенција Интерфакс Украина.

Тој додаде дека во таа област биле откриени 436 случаи на воени злосторства и 11 места каде што луѓето биле затворени, вклучително и каде руските окупатори мачеле луѓе.

Слично

Поврзани вести