Каков рејтинг ужива Оланд меѓу Французите?
Рејтингот на францускиот претседател, Франсоа Оланд стигна до рекордно ниско ниво, пред изборите кои во земјата ќе се одржат во 2017 година.
Речиси 90% од избирачите не сакаат тој да добие втор мандат на функцијата, покажуваат податоците од истражувањето на социолошкиот институт „Елаб". Според анкетата незадоволство од политиката на Оланд изразуваат не толку приврзаниците на опозицијата, туку традиционалниот електорат на Социјалистичката партија. Според анкетата, 36% од поддржувачите на социјалистите сметаат дека Оланд треба да се кандидира на следните избори. Во однос на приврзаниците на десницата 93% од нив не го гледаат Оланд како достоен кандидат за функцијата. Незадоволство кон него е поради немањето економски напредок. Уште во 2012 година, Оланд вети дека ќе се справи со негативните трендови во областа на вработувањето и да го намали нивото на невработеност. Напротив, невработените во земјата станаа половина милион луѓе. Друг голем предизвик за време на петгодишниот мандат на Оланд е безбедноста. Од јануари 2015 година во Франција имаше три големи терористички напади во кои над 230 луѓе загинаа, а стотици други беа повредени.
